
Хрватскиот фудбалски репрезентативец Јошко Гвардиол беше трагичар во поразот од 2:3 на РБ Лајпциг на гостувањето кај водечкиот Баерн во Минхен во 21-то коло од германското првенство, откако со автогол на почетокот од вториот дел го постави конечниот резултат.
Баерн двапати беше во водство преку Томас Милер во 12 и Роберт Левандовски во 44 минута, а Лајпциг двапати израмнуваше со головите на Андре Силва во 27 и Кристофер Нкукну. Но само пет минути по второто израмнување Гвардиол во обидот да го исфрли една нафрлена топка, лошо ја зафати и го совлада својот голман Ѓулаши.
Баерн сега има 52 бода и е во предност од девет бодови пред второпласираната Борусија Дортмунд која има и меч помалку, а РБ Лајпциг е седмопласиран со 31 бод.
Фудбалерите на Штутгарт запаѓаат во сѐ потешка ситуација во борбата за опстанок во Бундеслигата откако на домашен терен беа поразени со 2:3 од Ајнтрахт од Франкфурт. Штутгарт двапати го стасуваше водството на гостите но немаше сила тоа да го стори и третпат и да го избегне поразот.
Стрелци за победничкиот тим беа Еван Ндика во 7 и Ајдин Хустиц во 47 и 77 минута, а за домашните стрелци беа Владемар Антон во 42 и Саша Калајџиќ во 70 минута.
Штутгарт остана претпоследен 17-ти со 18 бодови, четири помалку од најблиската позиција која гарантира опстанок, додека Ајнтрахт се искачи на 9-то место во групата екупи со по 31 бод, еден помалку до најблиското место кое води во европските купови.
Аугсбург извои важна победа во борбата за опстанок со 2:0 го совлада најпријатното изненадување сезонава во германското провенство Унион Берлин, а стрелци беа Михаел Гегоритш во 16 и Анде Ханг во 59 минута.
Унион Берлин остана на 34 бодови на четвертата позиција, последната којашто води во Лигата на шампионите. Аугсбург сега се искачи 15-то место со 22 бодови, четири над зоната на испаѓање.
Армија и Борусија Менхенгладбах одиграа без победник 1:1. Домашните поведоа во 19 минута преку Јани Лука Сера, а гостите израмнија во 38 минута преку Алесане Плеа.
Борусија Менхенгладбах остана на 12-то место со 23 бодови, а Арминија со бод помалку е две места подолу на табелата.
Келн пред своите навивачи со голот на Антони Модесте во 23 минута го совлада Фрјбург. Сега Келн со 32 бодови е шести и му се приближи на петтиот Фрајбург кој има бод повеќе.
Мајнц на домашен терен во финишот на натпреварот успеа да го добие Хофенхајм. Стелци беа Ли Џае-сунг во 79 и Муса Ниакате од пенал во 83 минута.
Хофенхајм остана на осмото место со 31 бод, а Мајнц дојде до десеттата позиција сега со 30 бодови.
Во недела ќе играат Борусија Дормунд – Бајер Леверкузен и Волфсбург – Фројтер Фирт.