Груби се сретна со германските пратеници Петри и Мијатовиќ: Германија го поддржува процесот на интеграција

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во саботата оствари средба со германските пратениците Кристијан Петри од Социјалдемократскта партија на ГЕрпанија (SPD), и Борис Мијатовиќ од Зекените(Die Grünen,  како и директорот на FES во Скопје, Рене Шли.

Спорот со Бугарија и решавањето на овој проблем беше дел од разговорот меѓу Груби и германските пратеници Петри и Мијатовиќ. На оваа средба соговорниците размениле мислења и за подготвеноста на страните за постигнување еден достоинствен компромис меѓу двете земји.

„Скопје и Софија водат конструктивен дијалог преку работни групи за да се постигне компромис кој нема да влијае на ниту една страна и би го овозможил очекуваниот чекор за земјата да може да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија. Интеграцијата во ЕУ и патот полн со предизвици на Република Северна Македонија беа и дел од дискусијата на оваа средба“, констатирале соговорниците

Германските пратеници ја изразиле „безрезервната поддршка“ на германската држава го дава во овој поглед, додека првиот вицепремиер Груби изразил благодарност до Германија што договорот на новата владина коалиција во Берлин ја вклучува интеграција на западен Балкан во Европската унија со „посебен акцент за Македонија и Албанија“.

Груби на оваа средба им се заблагодарил на германските пратеници за големата поддршка што Германија и ја дава на нашата земја на европскиот пат.