
Во петокот по претходно преземени оперативни мерки и активности по добиена пријава за извршено кривично дело по член 235, полициски службеници од ОКР Аеродром и Драчево приведоа четири лица: З.Р. на 46, А.Е. на 40, М.Д. на 36 и Џ.К. на 47 години, сите од Скопје.
При преземените мерки и активности пронајдени се предмети поврзани со кривичното дело и вратени на оштетеното лице.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 235 од КЗ.