
Мароканските спасувачи успеаја да дојдат во саботата и да го извлечат петгодишното момнечнце коешто пет дена беше заробено во бунарот, но тоа за жал не успеало да преживее, ги потврди вечерта Крласкиот дворец претходните информации на локалните медиуми.
Мароканскиот суверен Мохамед испратил сочувство до родителите на детето, пренесуваат државните медиуми.
Момченцето Рајан Аврам во вторникот паднало во 32 метри длабокиот бунар во близина на семејната куќа во селото Ихран во северната мариканска покраина Шифшаун, па беше започната голема операција за спасување која ја следеше целата земја но и светот.
Несреќата се случила кога таткото на детето работел на бунарот. „Го оттргнав погледот од него само на секунда и тој падна во бунарот. Воопшто не спиевме“, изминатите денови изјави претходно неговиот татко за новинарите.
Спасувачите од тогаш деноноќно работеа во настојувањата што побрзо да дојдат до него. Но стануваше збор за извонредни деликатна операција и напорите за извлекување на детето беа отежнати поради тесниот отвор на сувата дупнатина и со кревката почва. Поради тоа, беше машински ископанно паралелно окно со бунарот и хоризонтален тунел до момчето.
Спасувачите се обидуваа да го одржат момченцето во живот доставувајќи му вода и резерви со кислород. Спуштија и надзорна камера за да ја следат неговата здравствена состојба и да комуницираат со него.
Спасувачите во саботата претпладнето се приближиле до заробеното момченце, оддалечени на помалку од 2,5 метри од неговата позиција, но акцијата за спасување била забавена од камените бариери и делумното уривање на почвата во текот на копањето. Попладнето спасувачите дојдоа на само еден метар од детето копајки ги со раце последните три метра за да не предизвикаат одрон, а квечерината успеаја и да го извлечат момчето кое било неподвижно и за жал тоа не давало знаци на живот. Дететот беше префрлено во ургентен центар, но таму е констатирана трагедијата.