
Првото засилување со американски војници на северното крило на НАТО стаса во саботата во воената база Жешов на југоистокот на Полска, во атмосферата на ескалацијата на тензиите со Русија околу ситуацијата во Украина.
Помал авион со американски командан персонал, како што наведуваат полски воени извори, слетал во претпладневните часови на аеродромот Жешов-Јасионка, додека продолжуваат подготовки во базата на полската граница со Украина. Локалните телевизии емитуваа снимки од подготовката на привременото сместување во блиското место Јасионка, а на снимките се гледа работници поставуваат огради околу сместувачките простори.
„Како што е најавено, првите делови од борбената група од 82-та воздушно-десантна дивизија на американската армија пристигнаа во Полска“, соопшти полската армија.
Во средата американскиот претседател Џо Бајден нареди распоредување на речиси 3.000 дополнителни војници во Полска и во Романија, за да го заштитат источното крило на НАТО од потенцијално прелевање на кризата од Украина.
Ескадрилата „Stryker“ со колу 1.000 американски војници стационирани во базата ка Филсек во Германија ќе бидат испратени во Романија. Околу 1.700 припадници од 82-та воздрушно-десантна дивизија од базата Форт Браг во Северна Каролина ќе бидат испратени во Полска. Покрај тоа, 300 други американски војници ќе бида прекомандувани од Форт Браг во Германија.
Првите дополнителни американски војници во Германија пристигнаа во петокот. Првите 2.000 војници на 18-от воздушно-десантен корпус пристигнаа во американската база Визбаден.
Новиот американски план ја надминува бројката од 8.500 војници коишто Пентагон ги стави во јануари во состојба на приправнсота за да ги распореди во Европа доколку има потреба. Се очекува дека министрите за одбрана на земјите членки на НАТО за натапошните засилување на источното крило ќе разговараат на следниот состанок на 16-ти и 17-ти февраури.