Aктивни ковид-случаи во Македонија има 13.726, а 13 отсто зарази од новите се реинфекции

Бројот на активни случаи на Covid-19 во Македонија изнесува 13 726 лица, од кои во последните 24 часа до саботата регистрирани се 1.500 нови лабораториски позитивни случаи, меѓу кои 13 оотсто или 195 се реинфекции.

Според информациите од Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден оздравени се 522 пациенти и пријавени се 16 починати лица, од кои три лица се целосно вакцинирани, а кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.814.187 тестирања на Covid-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 277.137, бројот на оздравени пациенти е 254.862, а на починати е 8.549.