Министерство за правда „се правда“: Погрешна е формулацијата „негативно мислење“ во предлог Законот за граѓанска одговорност

Министерството за правдасоопшти дека формулацијата во однос на предлог на „Законот за граѓанска одговорност“ каде за навреда се одговара и за „негативно мислење“, е грешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа.

„Министерството за правда целосно ги поддржува новинарски слободи и права и сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање“, се додава во реакцијата на Министерството.

Во членот 6 од предлогот на овој закон, во делот одговорност за навреда и клевета, пишува: „За навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негатиивно мислење“.