Сенегал првпат стана првак на Африка

Players of Senegal celebrate with the trophy after the 2021 Africa Cup of Nations AFCON final between Senegal and Egypt in Yaounde, Cameroon, 06 February 2022. EPA/FOOTOGRAFIIA

Фудбалската селекција на Сенегал првпат ја освои титулата првак на Африка, откако во Јаунде со подобро изведување на пеналите со 4:2 ја совлада репрезентацијата на Египет.

По 120 минути игра немаше погодоци. Сенегал во поголемиот дел од мечот бепе поактивен, а најголемата шанса ја имаше уште во 6 минута кога одличниот египетски голман Габаски го одбрани пеналот на Садио Манед,, откако Днелмонем со прекршок во својот шеснаесетник го собори Кисе.

Египет, чиишто играчи беа видливо поуморни бидејќи и во осминафиналето против Брегот на слоновата коска и во четвртфиналето против Мароко и во полуфиналето против Камерун играа дополнителни 30 минута, се ограничи на чување на ремито и во квалитетите на Габаски кој е познат по бројните одбрани на пенали.

Иако, успеа во намерите Египет сепак не дојде до осмата титула, Габаски од пет пенали одбрани само еден, а Абделмонем ја погоди стативаата а ударот на Лапен го одбрани Менди.

За Сенегал ова беше третото финале а прв трофеј. Во 2002 загуби на пенали од Камерид, а пред три години со 0:1 од Алжир. Египет, пак, со седум титули и натами е најтрофејната селекција на африканскиот Куп на нациите.

Двете селекци повторно ќе се соочат кон крајот на март во две средбии од последниот круг од квалификациите за Светското првенство во Катар, а победникот ќе оди на мундијалот.