
Заевизмот освен што го ограничуваше правото на протест на граѓаните, па им кажуваше кај треба да протестираат, сега го ограничува и правото на размислување, па им забранува на граѓаните да критикуваат, подвлекуваат од ВМРО- ДПМНЕ.
-Барањето на власта за навреда да одговара секој кој што ќе искаже негативно мислење е уште еден доказ дека Македонија е заробена држава, а владата на пиунот Ковачевски е продолжување на авторитарното владеење на Заев.
Во услови кога граѓаните се соочуваат со невидена здравствена, економска и енергетска криза, власта сака да им забрани да ги критикуваат. Па кого ќе критикува народот ако не власта , која е најодговорна за тоталното тонење кое се случува во државата.
Ова е одраз на тоталното лудило и одлепеност од реалноста кое владее во Владата на пиунот Ковачевски.
Заевизмот се обидува да наметне целосна цензура, за на тој начин да ја покрие својата неспособност, криминал и корупција, стои во партиското соопштение.