Макрон му порача на Путин дека сака да избегне војна и да изгради доверба

Францускиот претседател Емануел Макрон, најистакнатиот западен политичар кој ја посети Москва од почетокот на обвинувањата на Западот дека Русија наводно групира војска и планира инвазија врз соседна Украина, на почетокот од разговорите кои траат веќе повеќе од два часа му порачал на рускиот претседател Владимир Путин дека неговата цел е да се избегене војна и да се изгради меѓусебна доверба.

Макрон на Путин му рекол дека бара „корисен“ одговор „кој секако би ни овозможил да избегнеме војна и да изградиме темели на довербата, стабилноста, јасност“, пренесуваат западните медиуми брифирани од француски извори по почетокот на разговорите во Кремљ.

Путина, пак, од своја страна истакнал дека Русија и Франција споделуваат „загриженост околу она што се случува во европската безбедносна сфера“.

„Гледам колку многу напори сегашното француско водство и претедателот вложуваат за да се разреши кризата коај се однесува на пружањето еднакви безбедости во Европа за сериозна историска перспектива“, рекол Путин според истите извори, пред дијалогот на двајцата челници да продолжи зад затворени врати.

Макрон, кој најверојатно ќе се кандидира за уште еден претседатгелски мандат на изборите годинава во април, се позиционираше како потенцијален медијатор во кризата меѓу Западот и Русија, како и Украина и Русија. Притоа франциските функционери изразија голема скепска во врска со процените на Вашингтон и Лондон дека рускиот наводен напад е „неизбеже“.

„Геополитичката цел на денешна Русија денес очигледно не е Укрина, туку разјаснување на правилата за кохабитација со НАТО и ЕУ“, рече Макрон во разговорот за Journal du Dimanche, објавен непосредно пред посетата на Москва.

Веднаш по пристигнувањето во руската престолнина, францускиот претседател за новинарите порача „Разумно сум оптимистичен, но не верувам во спонтани чуда“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави пред разговорите меѓу Путин и Макрон, изјави дека „ситауцијата е прекомплексна за да се очекуваат големи промени во текот на една средба“.

Русија распореди десетици илјади војници во близина на границата со Украина, стравувајќи дека Киев поттикнат пред сѐ од Вашингтон и Лондон ќе се реши за воено решение на конфликотот со одментатото руско и рускојазично населени во истичната украинска област Донбас каде е доминантно, но отфрла дека се подготвува за инвазија врз соседната земја.

Русија уште во декември на САД и НАТО им испрати предлог-договор кој би ја гарантирал нејзината безбедност, а претпоставува запирање ширење на Алијансата кон руските граници, повлекување на странските војски од источните европски земји порашени членки на Варшавскиот пакт и повлекување на стратешкото оружје во Европа. Москва, исто така, бара гаранција дека Украина и Грузија нема да бидат примени во НАТО, што Вашингтон и Брисел го отфрлија, но изразија подготвеност за разговори по другите прашања, но руската страна досега не добила никаков сигнал.

„Последните денови немаше ништо ново на темата безбедносни гаранции за Русија. Нашите западни соговорници попрво не ја споменуваат оваа тема“, рече Песков.

САД и сојузниците во НАТО отфрлија воена одбрана на Украина, но велат дека на секоја наводна инвазија ќе одговорат со санкции, ипраќање уште повеќе оружје за силите под контрола на Киев и зајанување на безбедноста на земјите членки поблиски до Украина.