
Децата со атипичен развој не само што треба да ги уживаат правата кои им следуваат, туку и да се чувствуваат еднакви и добредојдени во светот кој природно им припаѓа – училишните клупи и училишниот двор, се вели во Фејсбук статусот на претседателот Стево Пендаровски.
-Тоа е наша обврска, како држава, но и како поединци, а инклузијата е потребно да биде основниот принцип. Прекрасната енергија на Ембла имав чест да ја почувствувам денеска во нејзиниот дом и училиште во Гостивар, истакна Пендаровски.