Претежно облачно, попладне врнежи од дожд

Времето во понеделникот во Македонија ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд а на планините од снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува долж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од -3 степени до 3 степени, а дневните од 4 до 12 степени Целзиусови.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка.

Во вторник ќе дува силен северен ветер, температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.