
Од 18,35 часот во понеделникот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.