
Поради силниот ветар во текот на денешниот ден, имаше откорнати и паднати гранки и дрвја на повеќе локации во Велес – кај касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ на ул. „Благој Ѓорев“ ,во дворот на ООУ „Блаже Конески“ и кај затворот во Превалец, објави МИА.
На сите локации собрани се паднатите гранки и дрвја, информираат од ЈКП„Дервен“.
– Наши екипи по дојавата веднаш се упатија на терен и за кратко време ги отстранија паднатите дрвја и гранки – велат од ЈКП„Дервен“.
Од Брза помош информираа дека кај нив до 17 часот никој не пријавил повредени лица од пад на дрвја и гранки.