Чешки министер тврди дека Путин на ЕУ ѝ дал „подарок“ бидејќи се покажало дека не зависи од рускиот гас

Испораките на течниот природен гас (LNG) во земјите од Европската унија кон крајот минатата година покажале дека Русија не може да го користи гасот како средство за принуда над Европа, а недостигот од гас ги поддржал напорите за градење повеќе LNG терминали на европските брегови, изјави во средата чешкииот министе за надворешни работи Јан Липавски.

Европскиот пазар на природниот гас и натаму е нестабилен, на почетокот од август договорите за испораки беа склучувани на ниво од 515 долари за илјада кубни метри, но веќе во октомври цените го достигнаа историскиот максимум од 1.937 долари. Стручњаците го поврза енормниот скок на цените со малите капацитети за складирање во Европа, како и со зајакнатата побарувачка на течниот природен гас (LNG) на азиските и јужноамериканските пазари каде поради повисоките цени беа пренасочени најголемите количества, вклучително и од складиштата од Европа. Овие фактори и натаму влијаат врз динамиката на цените, иако во последниот период со енергенсот се тргуваше на ниво под илјада долари.

Во интервју за Reuters министерот Липавски тврди дека пренасочувањето на LNG товарите во Европа, по растот на цените кон крајот на минатата година, за што тој и некои други на Западот ја обвинуваат Русија дека наводно ги намалила испораките а што оваа го негира, покажало дека постојат алтернативи за рускиот гас.

„Сакам да кажам дека (рускиот претседател) Владимир Путин на Европа ѝ даде прекрасен божикен подарок, бидејќи покажа дека не сме зависни од рускиот гас. Не сакам да кажам дека можеме да бидеме зависни од LNG, ова е добар пример дека Русија не може да си дозволи користење на гасот како некоја основна економска алаак, бидејќи ако Европа изгради доволно механизми, терминали, ќе ја диверзификуваме својата енергетска сигурност“, смета Липавски.

Чешка, којашто троши околу 8,7 милијарди кубни метри природен гас, од што најголемиот дел доаѓа од Русија преку Германија.

Липавски, чиешто министерство за надворешни работи има специјален комесар за енергетска безбедност, вели дека чешката влада има намара да добие пристап до LNG терминал во некоја соседна земја. Но признава дека ќе биде потребно време за да се спроведе таквиот план. Најблиските постојни или потенцијални терминали се во Полска и во Германија. Чешка, како и Полска, исто така стравуваат дека со прораборувањето на Северен тек 2 на Германија би ѝ плаќале повисока цена за гасот.

„Таквиот проект сигурно е во интерес на безбедноста на Чешка и поради тоа министерството целосно го поддржува“, вели Липавски.

Западот вообичаено ја обвини Русија дека ги намалила испораките на гас за да издејствува пораст на цените и да врши притисок врз регулаторите во ЕУ иако всушност за одобрувањето на дозволата за гасоводот Северен тек 2 исклучиво е меродавен регулаторот во Германија кој ќе ги удвои испораките на на гас од Русија преку Балтичкото Море.

Москва повеќепати одговори дека нема никакво влијаени врз пазарот на гасот во Европа, бидејќи ЕУ самата со својата регулатива бара енергенсот да има берзанска цена и дека со ништо не придонела за состојбата на европските капацитети за складирање, а рускиот енергетски гигант „Газпром“ неколкупати во соопштенија тврдеше дека ги исполнува сите обврски од долгорочните договори за чиешто склучување дава многу поповолна цена отколку онаа што владее на пазарите во моментов.

Русија покрива во моментов околу 40 отсто од потрошувачката на гасот во Европската унија. Предупредувањата, во прв ред од САД, дека Русија наводно подготвува инвазија врз Украина што би имало влијание и на испораките за гас, ги натера земјите во ЕУ да се снабдуваат од други земји, во прв ред од САД.

 

Јапонија ќе испорачува LNG во Европа

Јапонија најави во средата дека дел од увезениот LNG ќе го пренасочи кон Европа за да ги премости нарушувањата во снабдувањето поради зголемената побарувачка на континентот. Така, неколку бродови коишто требало да испорачаат LNG во Јапонија веќе се пренасочени кон Европа и нивното впловување се очекува веќе во февруари, изјави за новинарите во Токио јапонските министер за економија, трговија и индустрија Коичи Хагуида.

Министерот не прицизираше кои количества всушност ќе ѝ бидат продадени на Европа по пазарна цена. Хагуида ја повтори изјавата од 4-ти февруари дека Јапонија е сиромашна со ресурси, па затоа мора прво да обезбеди доволно енергија за сопствените потреби, но дека и сака да ѝ помогне на меѓународната заедница.

Јапонија е еден од најголемите светски увозници на течен гас од кој многу зависи за испораките на електрична енергија, за индистриското производство и за загревањето во зима. Меѓутоа, многу е можно Јапонија да нема доволни количества кои може да ги отстапи, во прв ред за западноевропските земји, бидејќи поради острата зима на почетокот од годинава и самата тешко ги набавува потребните количества.

Министерот Хагудиа ја спомна и „тешката“ енергетска ситуација со којашто Јапонија се соочува, но додаде и дека Токио сака да одговори на барањата на амбасадорите на САД и на Европската унија да ѝ помогнат на Европа.

САД, коишто се најголемиот светски произведувач на LNG, кон крајот на јануари побарад од Катар и други големи произведували да проверат дали можат да ја снабдуваат Европа, доколку испораките од Русија бидат запрени поради западните санкции коишто би биле воведени поради наводниот руски напад врз Украина. Стручњаците, меѓутоа, таквото сценарио за целосни санкции на рускиот извоз на гас го сметаат за малку веројатно.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го уверуваше во понеделникот американскиот претседател Џо Бајден дека новиот руско-германски гасовод Северен тек 2, преку кој рускиот гас директно под Балтичкото Море би се испорачувал во Германија, нема да биде пуштен во функција доколу Русија ја нападен Украина.