
Трагичната несреќа во Бугарија каде што загинаа 40 лица при палењето на автобусот, сама по себе беше класифицирана како несреќа и никој не сноси одговорност. Подоцна произлегоа многубројни пропусти на државниот инспекторат за транспорт, каде што евидентно беше дека агенцијата „Беса транс” имала заштита од надлежните, конкретно од директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини.
Де факто, одговорноста е во надлежните институции заради неспроведливост на законите, но одговорност сѐ уште никој не сноси.
Уште тогаш низ медиумите се разви полемика дали требало да биде во пензија Руфат Османи кој ги исполнува сите услови за пензионирање, а сепак продолжува да ја извршува директорската позиција.
Деновиве, според нашите информации, повторно Руфат Хусеини поднел барање до Влада на РМ да му биде продолжен мандатот за 6 месеци. Оттука произлегува главната дилема во јавноста, награда како продолжен мандат или одговорност, без разлика што и да се случи и „Дурмо турс” и „Беса Транс” завија премногу луѓе во црно, заради непостапувањето на институциите.