
Европската унија и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) ја повлекоа поддршката за проектот за обновување на куќа на северот на Косово, бидејќи е поврзана со политичар кој во втората светка војна соработувал со германските нацисти.
ОН и ЕУ се повлекуваат од учеството во обновување на историскиот објект во Митровица, се наведува во заедничкото соопштение.
Објектот, која е претставен како „единствен примерок на европскиот модернизам од 30-те години на XX век проектиран од австриски архитект“, требаше да биде преуредени во Центар за култура.
Проектот е според бидејќи сопственикот, починатиот политичар Џафер Дева, било соработник со нацистичкиот окупатор. Дева бил основач на злогласната СС дивизија „Скендербег“ во која биле регрутирани Албанци и извршила крвави злосторства и врз неалбанско и врз албанско населени.
„УНДП и Европската унија изразуваат длабоко жалење поради без намера нанесената навреда со најавата дека ќе покренат обнова при што ја пренабрегнаа истириската заднина на Џафер Дева“, се наведува во соопштението.
Косовскиот министер за култура Хајрула Цеку не ја дели загриженоста на светската ораганизација и на Брисел во врската со споменатиот објект.
„Не охрабруваме историски ревионизам и не рехабилитираме историски личност“, изјави Цеку во Приштина,
Критиките, според него, биле поттикнати од „непотребната галама на соседна Србија“, којашто не ја признава својата поранешна јужна покраина Косово и Метохија, којашто во 2008 се самопрогласи во Република Косово.