
Земјотрес вечерва беше почувствуван во западниот дел на Македонија, но и во делови од Албанија. Тој е регистриран во 22 часот и 36 минути по локално македонско време.
Според информациите на Европско медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот е со јачина од 3.2 степени по рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот е на 15 километри од Цетар Жупа, односно на 42 километри од албанскиот град Елбасан кој има популација од околу 100.000 жители.