
Македонската олимпијка Ана Цветановска го освои 95. место во крос-кантри на Олимписките игри во Пекинг. Таа ја заврши трката за 39:57.5 минути со заостанување од речиси 12 минути (28:06.3) зад Норвежанката Тереза Јохауг, која дојде до златниот медал. Зад Цверановска завршија само три натпреварувачки.
Инаку, Цветановска не настапи на првата трка поради големиот број пријавени натпреварувачки, со што ова појавување на патеката ќе и биде единствено на овие Зимски олимписки игри.
Сребрениот медал го освои финската натпреварувачка Керту Нисканен, која заостана 0,4 секунди зад Јохауг, додека нејзината сонародничка Криста Пармакоски стигна до бронзата, со заостанување од 31,5 секунди.