ФОТО и ВИДЕО| Во Бугарија разбиени две наркогрупи, уапсени двајца Македонци

Бугарската полиција соопшти дека се разбиен криминални групи кои произведувале и дистрибуирале амфетамини и метамфетамини во Бугарија и во Македонија, а истовремено македонското Минисерство за внатрешни работи објави дека во заедничка акција на македонската и бугарската полиција откриена импровизирана лабараторија за синтетички дроги, разбиена криминална група, запленет амфетамин

Во полициската акција приведени се осум лица, меѓу кои двајца Македонци. Синтетичката дрога се произведувала во бугарскиот град Сливен.
Двете криминални групи биле активни во Софија, во Сливен и во Враца. Полицијата открила и заплени неколку килограми дрога, оружје и пари.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна оперативна соработка и меѓународна полициска истрага насочена кон организирана криминална група составена од македонски и бугарски државјани, заедно со Одделот за борба против организиран криминал на Р.Бугарија и во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа), преземаа синхронизирани дејствија и активности, при што на 10.02.2022 во Софија, Р. Бугарија е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги. Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани“, соопшто МВР.

Кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори. Истовремено, на територијата на Република Северна Македонија, при претрес на дом, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и други хемиски супстанци во прашкаста и течна состојба.