
„Русија повлекува дел од своите вработени од дипломатските претставништва во Украина поради „стравувања од можни провокации на режимот во Киев или трети страни“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
„Од потезите на западните земји да ги евакуираат своите дипломати, Русија „заклучи дека американските и британските колеги, очигледно, знаат за некои воени дејствија што се подготвуваат во Украина, а кои би можеле значително да ја комплицираат безбедносната ситуација“, напиша официјалниот претставник на Руско Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, одговарајќи на прашањето на медиумите за намалување на бројот на вработени во амбасадата во Киев и конзулатите во Лавов, Харков и Одеса.
И руската амбасада и конзулатите ќе продолжат да работат.