
Високи американски функционери изјавија во неделата дека не можат да ги потврдат податоците на американското разузнавање дека Русија наводно планира во среда да ја нападене Украина, но можат да се потрудат да спречат „ненадеен“ напад така што ќе споделат сѐ што „знаат за руските планови“.
Советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џејк Саливан, повтори дека „руската инвазија може да започне секој ден“, а американскиот претседател Џо Бајден рече дека ќе ја поддржи Украина по „секаква инвазија“ и дека ќе ја брани тероторијата на НАТО.
„Не можеме совршено да предвидеме кој ден, но веќе извесно време кажуваме дека инвазијата поќе да започне, голема воена акција на Русија врз Украина може да започен од сега па секој ден. Тоа значи и следната седмица пред завршувањето на Зимските олимписки игри“ во Пекинг, одговори Саливан на прашање на CNN на прашање дали може да биде потврдена дека „среда е ден за нападот“.
Москва повеќепати предупреди дека однесувањето на Западот, првенствено на САД и Велика Британија, навестува дека се подготвува провокација којашто треба да ја вовлече Русија во украинската војна меѓу Киев и одметнатите проруски региони во Донбас.
„Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО, секоја пед на територијата според Членот 5 (од Северноатлатскиот договор) и мислам дека Русија целосно ја разбира таа порака“, изјави Саливан во засебно интервју за телевизиската мрежа CBS News.
Украина не е членка на НАТО и поради тоа не потпаѓа под споменатиот Член 5, според кој напад врз една земја членка се смета за напад врз целиот блок. Русија, пак, од своја страна повеќепати го предупреди Западот дека со континуираното силно вооружување на украинската армија изминатите години може да создаде лажен впечаток кај некои политичари во Киев да се решат на воено решение на конфликтот во Донбас, што е една од „црвените линии“ на Москва во однос на нејзината безбедност.
И портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, одби во неделата да го потврди наводниот разузнавачки податок дека Русија планира напад во среда, на 16-ти февраури.
„Не можам да ги потврдам тие извештаи. Повторувам, таквите процени доаѓаат од разни извори. Не само од разуизнавачките, туку и оние кои ги гледаме на теренот“, изјави Кирбо за емисијата „Fox News Sunday“, а и тој повтори дека наводната руска акција може да започне секој ден.
Коментарите доаѓаат во периодот на силната дипломатска офанзива и обидите да се разреши кризата меѓу САД и НАТО, од една страна, и Русија на спротивната. Американскиот претседател Џо Бајден во саботата телефонски со рускиот протеседател Владимир Путин, а во неделата со украинскиот претседател Владимир Зеленски.
И Саливан и Кирби во неделата повторно ги повикаа американските граѓани што поскоро да ја напуштат Украина. Притоа, САД ги повлекоа од Украина своите стотина војници и воени инструктори.