
Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека САД ќе одговорат „брзо и решително“ на понатамошната руска агресија врз Украина, се вели во соопштението од Белата куќа.
Двајцата лидери „се согласија за важноста од продолжување на дипломатијата и одвраќањето како одговор на руското воено зајакнување на границите на Украина“, се вели во соопштението.
Во исто време, Амбасадата на САД за преостанатиот дипломатски персонал на Украина соопшти дека ќе работи од западниот град Лавов, објави онлајн весникот Украинска правда, повикувајќи се на американски дипломатски извор.
Вашингтон вчера соопшти дека му наредил на поголемиот дел од персоналот на својата амбасада во Киев веднаш да ја напушти Украина поради заканата од руска инвазија.
„Ова е привремена одлука, тимот на амбасадата ќе се врати во Киев штом безбедносната ситуација дозволи“, рече изворот, објави Си-Ен-Ен..