
На 12.02.2022 во 10:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Подмолје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички возила „опел“, управуван од Р.Д.(66) од с.Требеништа, општина Дебрца и „мерцедес“, управуван од М.Н.(32) од Охрид, двете со охридски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „мерцедес“ и Б.Ј.(61) од с.Требеништа, сопатник во возилото „опел“, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи.