Функционери и неонацисти го одбележаа сојузничкото бомбардирање на Дрезден во 1945-та

 

Високи функционери и претставници на германската Комисија за воени гробници го одбележаа во неделата споменот на цивилните жртви во западното сојузничко бомбардирање на Дрезден на 13-ти и 14-ти февраури 2945 година, на лицата кои тогаш исчезнале под целосно срамнетиот со земјата источногермански град, меѓу кои и пожарникари, полицајци и војници.

Покрај градиначалникот на Дрезден, Дирк Хилберт, на традиционалната церемонија одржана на гробиштата Хеиде, на загинатите се потсетија и претставниците на германската сојузна покраина Саксонија, чиј главен град е Дрезден.

„Имајќи ги предвид големите страдања и уништувањата на Дрезден, не би требало да се присетуваме само на 1945-та, туку да ја прошириме својата перспектива на времето меѓу 1933 и 1945 година… Присетувајќи се ан жртвите, мораме да се соочиме со комплексноста на историајта која истовремено дели и обединува, а тоа е исклучително сложена историја, токму поради актуелната политичка ситуација во нашиот град, во нашата земја и во Европа“, изјави градоначалникот Хилберт во кусиот говор.

Полицијата извести дека церемонијата одржана на гробиштата каде што почиваат повеќето загинати во масивното речиси непрекинато дводневно авионско бомбардирање во 1945 година, минала без проблеми.

На периферијата на историското градско јадро на Дрезден во неделата рано претпладнето се собрале и стотина неонацисти на „комеморацијата во чест на загинатиет во Дрезденскиот воздушен напад на 13-ти февруари 1945-та“. Полцијата бројот на учесниците на поворката го проценила на петстотини, а тоа постепено се зголемила на околу 750 луѓе. Во центарот на градот влегле со тактовите на музиката на Вагнер и протестот на стотина лица кои крај славниот дворец во барок стилот Звингер гласно се противеле на „тивкиот“ марш со повик „Нацистите надвор“.

Над стариот град надлетувал полициски хеликоптер, а недалеку од места по кој минале демонстрантие биле подготвени водени топови и полициски возила за приведувања.

 

Сојузничкото бомбардирање

Само три месеца пред завршувањето на Втората светска војна, сојузничките бомбардери на 13-ти февраури 1945 година и следните денови, во урнатини претвориле цели населби на Дрезден. Точниот број никогаш не е утврден, а уништена е површина од 15 квадратни километри. Десно ориентираните Германци со години наназад оваа годишница ја користат да ги обвинат западните сојузници за воено злосторство.

Стариот дел на Дрезден бил во речиси целосно уништен во трите налети на 722 британски и 527 американски бомбардери, кои фрлиле 2.431 тон високоексплозивни бомби и 1.475,9 тони запаливо гориво. Високоексплозивните бомби уништиле згради, додека горивото ги запалила дрвените конструкции. Според нацистичките извештаи се говорело за 200.000 мртви. Германската историска комисија во Дрезден во официјален извештај издаден во 2010 година, по претходно спроведено петгодишно истражување, извести за 25.000 жртви, додека десничарските групи продолжуваат да тврдат дека станува збор за половина милион жртви.

Вкупно врз Германија за време на Втората светска војна биле фрлени повеќе од два милиона бомби, од кои меѓу 5 и 20 отсто, односно најмалку 100.000 не експлодирале. На неколку месеци, некогаш и почесто, при изведување градежни работи се откриваат вакви експлозивни направа.

Најмногу бомби во Втората светска војна се фрлени врз германската престолнина Берлин – повеќе од 68.000 тони, Хамбург – 45.000 тони, како на територијата на Рурската област – 162.000 тони. Хановер, исто така, бил цел на чести бомбардирања на сојузничките воздухопловни сили во последните години од војната. Само на 9-ти октомври 1943 година врз овој град биле фрлени 261.000 бомби.