
Швајцарците на референдумот во неделата гласа за забрана за рекламирањето на тутунските производи и ги одбија предлозите за субвенционирање на медиумите и за забрана за тестирање врз животни, покажуваат проекциите по гласањето.
Околу 57 отсто од гласачите ја поддржале построгата забрана за рекламирање на тутинските прозводи, што е извор на големи приходи за владата, покажуваат излезните анкетите.
Така, тутунската индустрија во иднината нема да се смее да се рекламира на места достапни за деца и млади, што претставува крај за рекламните плакати на јавните места како што се кината, во медиумите и на спортските настани. Претходните рестрикции се однесуваа само на директните реклами наменети за малолетниците, како и на радио и на телевизија.
Околу 56 отсто од швајцарските избирачи се спротиставиле и на субвенционирањето на медиумските компании, откако противниците на предлогот предупредуваа дека тоа би ги направило новинарите поподложни на влијанието на владата.
Швајцарците во неделата гласаа на вкупно четири референдуми. Дури 79 отсто ја отфрлиле радикалната забрана за тестирање на производи врз лабораториски животни кои ја предложија активисти. Покрај тоа, одлучија да ја задржат административната такса, данокот кој компаниите го плаќаат, на пример, кога издаваат акции.
Избирачките места беа затворени во 12 часот по локално време, но повеќе од 90 отсто од изборачите веќе гласале по пошта. На референдумите во Швајцарија вообичаено излегуваат 60 отсто од вкупно 5,4 милиони граѓани со право на глас.