
Во насока на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните ВМРО-ДПМНЕ денес ќе одржи целодневен настан во објектот на Македонската Филхармонија кој ќе финишира со отчет за првите 100 дена од управувањето на општините од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Слоганот под кој ќе се одржи настанот е “ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА”-100 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
На настанот ќе биде презентирано она што е сработено во изминатиот период од 100 дена.
Свое обраќање на настанот во 17:00 часот ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На овој говор ќе претходат три одделни панел дискусии на три различни теми.
Во 11:30 часот во малата сала на Македонска Филхармонија ќе има дискусија на тема: ШТО НАСЛЕДИЈА ОПШТИНИТЕ.
Учесници: Гордана Димитриевска Кочоска, Маја Кадиевска Војновиќ, Гоце Димовски, Миле Лефков.
Модератор: Марија Митева.
Во 13:00 часот во малата сала на Македонска Филхармонија ќе има дискусија на тема: ЕВРОПСКИТЕ ПРАКТИКИ ВО ЛОКАЛНИТЕ САМОУПРАВИ.
Учесници: Гордана Сиљановска Давкова, Трајко Славески, Зоран Љутков, Сашо Клековски.
Модератор: Наум Стоилковски.
Во 14:30 часот во малата сала на Македонска Филхармонија ќе има дискусија на тема: МЛАДИТЕ И НИВНИТЕ ПЕРСПЕКТИВА ВО ОПШТИНИТЕ.
Учесници: Иванка Василевска, Сергеј Попов, Невена Величковска, Стефан Андоновски.
Модератор: Димче Арсовски.
Освен овој настан во наредниот три неделен период ќе бидат организирани и 6 регионални отчети на територијата на Република Македонија каде поединечно ќе бидат презентирани проектите кои се сработени.