
Времето во понеделникот во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во планинските подрачја ќе има услови за провејување на снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 5 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во среда ќе има слаб локален дожд и ќе дува умерен, а долж Повардарието повбремено засилен ветер од југоисточен правец.
Од средината на неделата дневната температура ќе биде во позначителен пораст.