ФОТО| Низ Скопје возел со 167 км/ч

Полицијата вчера напишала 49 казни за возење повеќе од дозволената брзина на територија на Град Скопје.

Меѓу казнетите е и возач за кого МВР објави дека со автомобил по скопските улици управувал со брзина од 167 километри на час.

Вкупно вчера, за разни прекршоци, полицијата во Скопје напишала 210 казни.