
По налог на Град Скопје, екипи на ЈП „Улици и патишта“ денеска почнаа со изградба на нова велосипедска и пешачка патека на северната страна на булеварот Видое Смилевски Бато, на потегот од булеварот Февруарски поход до булеварот Србија, во вкупна должина од 500 метри.
Од Градот велат дека изградбата на нови велосипедски патеки и подобрување на постојната велосипедска инфрастуктура во Скопје е еден од приоритетите на новата градска администрација.
Истовремено ќе се работи и на развивање на велосипедската мрежа кон приградските населби, со што ќе се намали ризикот од возење велосипеди на коловозите, се со цел поголема безбедност на граѓаните коишто користат алтернативен превоз.