
Пред неколку моменти мајка со своето дете се лизнала и паднала во реката Вардар, во близина на Музејот, објави Алсат.
Мајката и детето биле спасени од неколку млади момчиња кои влегле во реката и успеале да ги извлечат. Количката останала во реката.
Соопштено е дека и мајката и детето се добро и без сериозни повреди.
Извор: Алсат телевизија