
Во Владата попладне ќе се одржи состанок со здруженијата на пензионери на кој ќе се разговара за барањето за зголемување на пензиите.
Состанокот ќе почне во 13:30 часот, а на него ќе присуствуваат вицепремиерот за економнски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери.
– Со овој состанок се означува почеток на дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите, велат од Владата.