
Најмалку три лица го загубија животот, а илјадници домови останаа без електрична енергија откако вчера силно невреме ги погоди северните и источните делови на Германија.
Германската национална метеоролошка служба соопшти дека во бурата брзина на ветерот достигнала 150 км/ч.
Маж на 37 годишна возраст настрадал откако неговиот автомобил удрил во дрво кое паднало во градот Илцен.