
Мафијата на власт ДУИ-СДСМ ја користи секоја прилика, секој народен денар, да ги богати фирмите на своите блиски и на своите функционери. Затоа осиромашува народот, а мафијата на власт се богати. Владата должи одговор како и според кој критериуми е ангажирана фирмата на Нефи Усеини ќе учествува во изградбата на 400 киловолтниот далновод од Битола до Албанија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата прашуваат како од толку многу реномирани компании со искуство во овој тип на градежни активности, токму компанијата на контроверзниот функционер на ДУИ ја доби оваа работа?
– Да потсетиме дека Нефи Усеини е познат по изградбата на дивоградбата во центарот на Охрид, по дивоградбата бетонска база непосредно до брегот на Охридското Езеро, познат по насилства и тепачки, познат по тоа добиваше тендери за рушење на дивоградби во Охрид иако самиот е градител на диво. Да биде срамот поголем пиунот Ковачевски, администратор на владата на ДУИ, рамо до рамо го промовираше овој проект заедно со Нефи, се додава во партиското соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека Ковачевски наголемо ја продолжува праксата на заевизмот за богатење на компании блиски до партиите на власт.