
ЈП Лајка во соработка со Ветеринарната комора и експерти од (RSPCA) – Кралскотоздружение за спречување на суровост врз животните ќе спроведе еднодневни обуки на различни теми: Менаџирање на прифатилиште, Техники на заловување, тест за социјализација и проценка на агресивност кај кучињата.
Локацијата ќе биде во просториите на ЈП Лајка – Скопје од 21.02 до 24.02.2022 година. Времетрањето на обуките ќе биде од 09:00 до 14:00 часот.
Обуките ќе се одвиваат на англиски јазик, истите се бесплатни и акредитирани од Ветеринарната комора на РСМ со 5 бодови.