
Силно понижување е исфрлањето на Ковачевски од фотографијата на Петков, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Таквиот чин е директно спротивен на тврдењата на Ковачевски дека дувале нови ветришта на пријателство кое еве гледаме го оддуваа од фотографијата со Петков. Дома се прават пријатели, а пред Светот Ковачевски ме го редат ниту на фотографија. Затоа се должни да одговорат што стои позади ваквото понижување и ваквиот деградирачки однос кон премиерот на Македонија? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Вака ли продолжува дијалогот со Бугарија преку понижување на едната страна од учесниците во процесот? И ова ли ќе го премолчи Ковачевски? Додаваат од таму.