
Американскиот претседател Џо Бајден се обрати на нацијата и рече рускиот претседател Владимир Путин сака насилно да одзема територии и затоа ќе воведе построги санкции кон Русија. Бајден истакна дека нема да потклекнат пред заканите на Путин и дека соодветно ќе одговорат на нив. Ова е негова прва изјава откако Путин вчера ги призна Народните републики Доњецк и Луганск како независни држави.
– Ќе воведам санкции како одговор, многу подалеку од чекорите што ние и нашите сојузници и партнери ги имплементиравме во 2014 година. И ако Русија продолжи понатаму со оваа инвазија, ние сме подготвени да одиме понатаму како со санкциите. Кој е Путин да прогласува независност на т.н. земји кои припаѓаат на негова соседна земја? Русија ќе плати скапа цена за ова и тоа лично му го кажав во лице на Путин пред еден месец дека ако Русија тргне на Украина, а тоа го направи со прогласувањето на независноста на двете области. – рече Бајден.
Бајден Бајден објасни дека санкциите ќе бидат воведени против две руски банки „ДЕБ“ и „Воена банка“, а од утре против неколку членови на руската елита и членови на нивните семејства.
Подготвени пакет на санкции кои најпрво ќе ги погодат руските банки, целосно ќе бидат блокирани трансакциите кон Запад. Бајден најави дека санкции ќе има и кон гасот. Гасоводот од Русија кон Германија нема да добие одобрение за продолжување. Потенцираше дека Русија е агресор, но дека се уште се отворени за дипломатија и дека има доволно време за акција.
– Синоќа рускиот претседател практично најави дека ќе отсече дел од Украина. Слушајќи го неговиот говор, јасно е дека Путин се подготвува за аргументи да оди уште подалеку. Ова е почеток на неговата инвазија на Украина. „Ќе ја браниме секоја точка од територијата на НАТО“, рече Бајден.