Ковачевски: Признавањето на Донецк и Луганск е директен напад на Украина

Премиерот Димитар Ковачевски ја осуди одлуката на Руската Федерација да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина како „Народни Републики“.

На својот профил на Твитер тој напиша:

„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015. Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат“.