
Претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 л/м2 воден талог.
Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува над 60км/ч, а температурата ќе се намали за 6 до 8 степени во споредба со денешната. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната од 6 до 13 степени.
Во Скопје, петежно обчачно со повремени врнежи од дожд и со засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во следните денови ќе времето ќе биде стабилно со умерен до засилен северен ветер и со пониски утрински температури.