
Руските натпреварувачки во ритмичка гимнастика нема да учествуваат на „Дериугина купот“ во Киев во март поради заострената ситуација во регионот, потврди претседателката на руската федерација, Ирина Винер-Усманова, пренесе ТопСпорт.
-Поради сегашната ситуација помеѓу Русија и Украина, секако, нема да биде возможно да патуваме во Киев, изјави Винер-Усманова.
Ова е прво потврдено попречување на спортот по кризата, откако постоеја шпекулации дека на Русија може да и се одземе финалето од Лигата на шампионите во Санкт Петерсбург и најавите дека Полска бара баражот за пласман на Мундијалот во Катар против Русија да не се игра во Москва.