
Поради сообраќајка незгода што се случила попладнево во 16.10 часот, сообраќајот на регионалниот пат А2, Куманово – Крива Паланка е во целосен прекин.
Според информациите од портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска, екипите на Министерството за внатрешни работи се на терен и полицискиот увид сѐ уште трае.
Според првичните информации, во незгодата учествувало товарно возило кое целосно го попречило патот.
Информации колку возила учествувале во незгодата и дали има повредени МВР ќе соопшти по завршувањето на увидот.