Кумановец осомничен за растурање наркотици

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 20-годишниот К.Г., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено прозводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 23.10.2021, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле марихуана.