
Манчестер јунајтед утре ќе гостува во Мадрид на Атлетко, во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони. Англискиот гигант на европските мечеви редовно лета со руската авиокомпанија Аерофлот, но сега не беше така.
Поради политичката напнатост во Украина, англискиот клуб одлучи да го смени авиопревозникот. Црвените ѓаволи кон Мадрид отпатуваа со чартер лет на компанијата Титан Аирвејвс, која е со седиште во Велика Британија.
Ова откажување на летање со руската авиокомпанија доаѓа неполни 24 часа откако британскиот премиер Борис Џонсон најави санкции за Русија поради несогласувањата што ги имаат со Украина.