
Понудивме заеднички да седнеме на маса, како Власт и најголема опозициска партија, и да создадеме став по многу прашања кои ќе го заштитат идентитетот на македонскиот народ. Бевме одбиени, рече во гостувањето на Сител претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Понудивме резолуција. Повторно нè одбија. Со вакви смерници, кога нашите политичари од Власта не го споменуваат Делчев како македонски великан, а од друга страна, Радев и Петков го величат како бугарски херој, имаме основано право да се сомневаме дека договорот ќе биде девастирачки за нашиот идентитет. Затоа и бараме гаранции, вели Мицкоски.