
Рускиот претседател Владимир Путин во средата порача дека нема да разговара за руските интереси и безбедноста на својата земја, но дека е подготвен за изнајдување дипломатски решенија за кризата во Украина.
„Нашата земја секогаш е отворена за директен и искрен дијалог поради изнаоѓање дипломатки решенија за најсложените проблеми“, изјави Путин во телевизиското обраќање по повод одбележувањето на Денот на бранителите на татковината.
„Меѓутоа, не можеме да преговараме за интересите и безбеднсота на нашите граѓани“, истакна Путин повторувајќи ги барањата на Русија од САД и од НАТО за постигнување обврзувачки договор дека Алијанската нема да ги прими во челнство Украина и Грузија, како и дека ќе ги повлече странските трупи од земјите кои во станале членки на воениот блок пред 1997 година а се во непосредна близина на руските граници.
Наведувајќи ги како закана за Русија „слабењата на системите за контрола врз вооружувањет“, откако САД истапија од низата или таквите договори истекоа а Вашингтон одложува со потпишување нови, како и „воените активности на НАТО“ со континуираните воени вежби на териториите на поранешните советски републики во источна Европа и на Балтикот, Путин уште еднаш повтори дека Западот не одговорил на она што ја загрижува неговата земја во сферата на безбедноста.
Рускиот претседател, исто така, рече дека на борена должност во руските вооружени сили веќе е поставено оружје кое во моментов нема пандан во светот и вети дека ќе ги развива способностите на руските вооружени сили, „напредните дигитални технолиогии…, вештачката интелигенциија, како и хиперсоничното оружје“. Според него, Русија последните години направила многу за квалитативна модернизација на вооружените сили, тие станале помобилни и стекнале ново борбено искуств, а сериозно е зголемено и нивото на обука на единциите и формациите.
„Оружјето кое нема аналог во светот е ставено на борбена должност. Ќе продолжиме да развиваме перспективни системо на вооружување, вклучително и хиперсонично и базирани на нови физички принципи, и ќе ја прошириме употребата на напредните дигитални технологии и елементи на вештачката интелигенција“, рече Путин.
Таквите системи се „оружјето на иднината, кои го зголемуваат бирбениот потенцијал“ на вооружените сили, рече уште рускиот челник. Додаде и дека обуката и индивидуалните квалитети на војниците, сепак, сѐ уште се од големо значење за војската.
Во декември Путин истакна дека Москва зазема водечка ппозиција во светот во моментов во развојот на современите видови оружја. Во моментов Русија е единствената земја во светот којашто хиперсоничните ракети ги распоредила во единиците или се наоѓат во висок степен на приправност.
Во руската армија, сѐ уште на пробни задачи се поставени впротиввоздушните системи „Кинжал“, хиперсоничниот проектил „Циркон“ е во фаза на завршни тестирања а стратешките проектили со хиперсоничен погон „Аванград“ се распоредени на борбени задачи.
Русија последните години разви хиперсонични ракети, коишто ги развии Кина, додека САД заостануваат во развојот на овој тип вооружување. Поради контролната површина на моторот хиперсоничниот проектил може непредвидливот да се движи и остро да маневрира кон целта. Хуперсоничните проектили, исто така, летаат пониско од вообичаените балистички проектили, чијашто траекторија е парабола. Експертите наведуваат дека радарот многу потешко ќе го открие хиперсонични проектили. Покрај тоа, според некои процени, руските хуперсоничните проектили се опремени со уред за откривање на противничките антиракетни системи и радари.
Русија, исто така, последните години е обвинувана за наводни кибернетички напади и кампањи за дезинформации чии цели се нејзините политички и воени противници.