САД тврдат дека Путин има „речиси 100 отсто“ сили потребни за инвазија врз Украина

Рускиот претседател Владимир Путин е „подготвен колку што тоа може да биде“ за инвазија врз Украина и „речиси 100 отсто“ од потребните воени сили се веќе на позиција, оцени во средата висок американски функционер.

„Путин располага со речиси 100 отсто од сите сили за кои предвидувавме дека ќе ги распореди“ поради напад врз Украина, изјавил за AFP американски воен функционер кој сакал да остане анонимен.

Според истиот извор, наводно 80 отсто од повеќе од 150.000 руски војници распоредени на украинската граница се во „борбена приправност“, групирани во офанзивни формации на неколку километри од границата“.

Путин е „приправен колку што тоа може да биде“, рекол функционерот, додавајќи дека таа одлуката за „тоа дали ќе навистина таму ќе појдат“ паѓа на рускиот претседател. „Можат да тргнат во секој момент“, истакнал.

Во вторникот американскиот претседател Џо Бајден оцени дека „инвазијата веќе почнала“, но во Вашингтон рекоа дека сѐ уште немаат независни докази за движењето на руските единици на украинска територија.

„Сѐ уште не можеме да потврдиме дека руската војска се преместува во Донбас. Но имаме причина да мислеме дека влегле“ на териториите на Донецк и Луганск, додаде во средата цитираниот американски функционер.

Американската армија по правило користи извидувачки авиони и сателитски снимки за следење на воените операции на своите противници, но лошите временски услови може да ги попрачат нивните извидувања, додал.