Украина објави дека била цел на голем хакерски напад

Мрежните страници на украинската влада, министерството за надворешни работи и државните служби за безбедност во средата паднале, поради, како што тврдат во Киев, уште еден кибернетички напад кој започнал околу 16 часот по локално време и македонско време.

Станува збор за DDoS (Distributed Denial of Service) нападио врз веб-оператори со поголем број компјутери.

„Околу четири часот попладнево започна уште еден насовен DDoS напад врз нашата држава. Имаме податоци од голем број банки“, изјави Михаил Федоров, министер за дигитална трансфорамција, доавајќи дека била погодена и мрежната страница на Радата, украинскиот парламент.

Федров не соопшти кои банки се под хакерски напад, а централната банка не даде засега соопштение.

Таканаречен напад DoS (Denial of Service) е ускратување на услугите или сервисите со кои на корисниците им се оневозможува нивно користување, можно е да се изведат од еден компјутер, а доколку станува збор за повеќе компјутери станува збор за ткн DDoS (Distributed Denial of Service) напади кои се многу поефикасни.

Нападите DDoS најчесто се изведуваат преку ткн ботнер, мрежа од компјутери заразени со некој „тројанец“ или „црв“ кој може да се користи и контролира така што ситге компјутери истовремоено испраќаат голем број барања на одредена IP адреса.

Украинските власти седмицава објавија дека наводно забележале „онлајн предупредување“ дека хакери се подготвуваат за поголеми напади врз владини агенции, банки и секторот на одбраната.

Украина со години е цел на низа кибернетички напади, за кои и самата е обвинувана, а сега Киев за тоа ја обвинува Моска која ги отфрла таквите тврдења. Минатата седмица во кибернетички напад чиј извор сѐ уште не е утврден, паднаа страниците на украинското министерство за одбрана и на две банки.