Вардар го доби клучниот дуел со ППД Загреб во Лигата на шамионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар стигна до важна 20:19 победа над ППД Загреб во 12. коло во ЕХФ Лигата на шампиони и си ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето.

Се играше гол-за-гол до 5:6, кога Вардар со серија од четири гола дојде до предност од 9:6, за на полувреме да отиде со два гола предност (11:9). Во второто полувреме, „плинарите“ се вратија во игра и поведоа со 14:15 на 15 минути до крајот, за повторно тимот на Дејвид Дејвис да дојде до предност со серија од 16:17 на 20:17. Оваа предност, Вардар не ја испушти до крајот.

Филип Талески и Оливие Њокас постигнаа по четири гола за Вардар, додека по три реализираа Валчак и Моралес, а за Загреб, Чаба Лајметер имаа по 4 гола.