ВИДЕО| Руски трупи ја заземале нукеларната централа Чернобил

Руските сили ја заземале поранешната нуклеарна централа Чернобил која сега е затворена.

„Руските окупациски сили се обидуваат да ја заземат АЕЦ ‘Чорнобил’. Нашите бранители даваат се од себе за да не се повтори трагедијата од 1986 година. За ова го известив шведскиот премиер. Ова е објава на војна против цела Европа“, напиша Зеленски на Твитер.

„Од денеска, нашите земји се на две различни страни на светската историја“, твитна Зеленски. „Русија тргна на патот на злото, но Украина се брани и нема да се откаже од својата слобода“.

Битки кај Чернобил и Киев   

Земјите-членки на НАТО засилено мобилизираат трупи и опрема на западната граница на Украина, иако тврдат дека нема да се вмешуваат во судирот во Украина.

Претседателот на САД, Џо Бајден го свика националниот совет за безбедност додека неговата администрација подготува нови санкции. Две од предвидените мерки веројатно ќе се однесуваат на санкции кон најголемите руски банки, и забрана за извоз на материјали корисни за руската индустрија и армија.

Најзагрижувачкиот развој се случи во четвртокот попладнето кога Зеленски соопшти дека руските сили се обидуваат да ја освојат нуклеарната централа Чернобил, додека неименуван украински функционер тврди дека руска граната погодила радиоактивен отпад и веќе било забележано зголемување на радијацијата во регионот. Нема потврда на овие информации од други извори. Централата се наоѓа 130 километри северно од Киев.

https://www.instagram.com/p/CaXtGbLKkqx/?utm_medium=copy_link

Руски хеликоптери над Киев

Украинскиот воен командант Валериј Залужни соопшти дека неговите трупи се борат со руските агресори на само 7 километри од Киев, во близина на Хостомел, каде што се наоѓа воен аеродром.

Опрадувањето на Путин 

Во обид да го оправда нападот, Путин тврди дека „Непријателска анти-Русија се создава на нашите историски земји”.

„Донесовме одлука да извршиме специјална воена операција“, рече Путин, во де-факто објавата на војна. Тој тврди дека се работи за „демилитаризација и денацификација“ на Украина, повторувајќи ги тврдења дека владата во Киев е контролирана од радикална десница.
„Русија не може да се чувствува сигурно, развиено и да постои под постојаната закана која доаѓа од територијата на модерна Украина”.

Протести против војната во Украина во Берлин

„Не планираме да ја окупираме Украина“, рече Путин и испрати жестоко предупредување до други држави.
„До оние кои размислуваат да се вмешаат однадвор: Доколку го сторите тоа, ќе се соочите со последици поголеми од било кои со кои сте се соочиле во историјата. Сите релевантни одлуки се донесени. Се надевам дека ме слушате”, рече Путин.