НБА: Минесота подобра од Мемфис, Чикаго од Атланта

Минесота Тимберволфс изминатата ноќа на домашен паркет со 119:114 ја победи третата екипа во Западната конференција, Мемфис Грузлис.

Во победата на Тимберволфс се истакна Д“Анџело Расел кој постигна 23 од своите вкупно 37 коша во последната четвртина, додавајќи притоа 9 асистенции. Карл-Ентони Тоунс додаде 22 коша со 11 скокови за Минесота кои победија во последните осум од 11 натпревари и сега се седми во Западната конференција.

Кај Мемфис,на кошто ова име вториот пораз по ред по шесте победи во низа, Џејрен Џексон беше надобар со 21 кош и 11 скокови.

Чикаго Булс со 112:108 ги надиграа гостинските Атланта Хокс, а Демар Дерозен со три коша на 15,1 секунди пред крајот на натпреварот ја доведе својата екипа во водство.

Дерозен дуелот го заврши со 37 коша, а Зак Лавин додаде 28 поени за шестата последователна победа на Чикаго. Богдан Богдановиќ ја предводеше Атланта со 27 поени, додека Данило Галинари впиша 26 коша и 9 скокови.

Голден Стејт Вориорс беа убедливи на гостувањето со 132:95 ги совладаа Портланд Трејл Блејзерс, а Стеф Кари во победата постинга 18 коша со 14 асистенции. Келј Томпосн додаде ист број поен, а Џонатан Куминга впиша 17 копа за Вориорс. Портланд ги предводеше Анферни Симонс со 24 коша.

Фениск Санс, исто така на гости, со 124:104 ги надиграа Оклахома Сити Тандерс, водени од Девин Букер кој дуелот го заврши со 25 коша и 12 асистенци. Камерон Џонсон и Микал Бриџес додадоа по 21 кош за осмата победа на Санс кои играа без Крис Пол, кој го скрши десниот палец во последниот меч пред Ол-стар викендот. Кај Оклахома, кои го впишаа седмиот последователн пораз, најдобар беше Шеј Гилџес-Александер со 32 коша.

Денвер Нагетс со 128:110 беа подобри од Сакраменто Кингс, а Вил Бартон за победата на својот тим постигна 31 кош. На Никола Јокиќ за една асистенција му избет „трипл-дабл“, постигна 25 коша, со 12 скокови и 9 асистенции. Сакраменто ги предводеше Домантас Сабонис со 33 коша и 14 скокови.

Бостон Селтикс на гости со 129:106 ги победија Бруклин Нетс. Џејсон Тејтум впиша 30 поени и беше еден од седумте играчи на Бостон со двоцифрено остварување. Џејлен Браун додаде 18 коша со 6 асистенции. Сет Кари, пак, постигна 22 коша за Нетс за кои ова беше 13-от проаз во последните 15 натпревари.

Детроит Пистонс дома со 106:103 ги совладаа Кливленд Кавалирс, а Кејд Канингем реализираше четири слободни фрлања во последната минута за победа на својот тим. Хамиду Диало беше најдобар стрелец кај Пистонс со 21 кош, додека Канингам 17 коша, 6 скокови и исто толку асистенции.

РЕЗУЛТАТИ

Бруклин Нетс – Бостон Селтикс 106:129
Портланд Трејл Блејзерс – Голден Стејт Вориорс 95:132
Сакраменто Кинг – Денвер Нагетс 110:128
Чикаго Булс – Атланта Хокс 112:108
Минесота Тимбервулвс – Мемфис Гризлис 119:114
Оклахома Сити Тандер – Феникс Санс 104:124
Детроит Пистинс – Кливленд Кавалирс 106:103

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА

1. Филаделфија 76ерс 35 23 .603 —
2. Бостон Селтикс 35 26 .574 1 1/2
3. Торонто Репторс 32 25 .561 2 1/2
4. Бруклин Нетс 31 29 .517 5
5. Њујорк Никс 25 34 .424 10 1/2

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА

1. Чикаго Булс 39 21 .650 —
2. Милвоки Бакс 36 24 .600 3
3. Кливленд Кавалирс 35 24 .593 3 1/2
4. Индијана Пејсерс 20 40 .333 19
5. Детроит Пистонс 14 45 .237 24 1/2

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

1. Мајами Хитс 38 21 ,644 —
2. Шарлот Хорнетс 29 31 .483 9 1/2
3. Атланта Хокс 28 31 .475 10
4. Вашингтон Визардс 27 31 .466 10 1/2
5. Орландо Меџик 13 47 .217 25 1/2

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА

1. Феникс Санс 49 10 .831 —
2. Голден Стејт Вориорс 43 17 .717 6 1/2
3. Лос Анџелес Клиперс 30 31 .492 20
4. Лос Анџелес Лејкерс 27 31 .466 21 1/2
5. Сакраменто Кингс 22 39 .361 28

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Мемфис Гризлис 41 20 .672 —
2. Далас Маверикс 35 24 .593 5
3. Сан Антонио Спарс 23 36 .390 17
3. Њу Орлеанс Пеликанс 23 36 .390 17
5. Хјустон Рокетс 15 43 .259 24 1/2

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Јута Џез 36 22 .621 —
2. Денвер Нагетс 34 25 .576 2 1/2
3. Минесота Тимбервулфс 32 28 ,533 5
4. Портланд Трејл Блејзерс 25 35 .417 12
5. Оклахома Сити Тандерс 18 41 .305 18 1/2